Top Sport

Тадиќ одбил трансфер во Манчестер Јунајтед

Најдобриот играч на Ајакс, Душан Тадиќ, во минатото одбил понуда од Манчестер Јунајтед. Ова во интервју за холанскиот „Воетбал Интернационал“ го открил неговиот татко Петар.

Тадиќ во јуни 2014 година од Твенте решил да ја прифати понудата на Саутемптон тогаш предводен од Роналд Куман.

„Душен можеше да земина во Саутемптон или Манчестер Јунајтед. Јас лично сакав да оди во Манчестер Јунајтед кај Луј Ван гал. Меѓутоа Душан сакаше да игра за Куман. Не успеавме да се договориме“, рекол Петар Тадиќ.

„Манчестер Јунајтед секогаш бил врвен клуб. Ги обожував Боби Чарлтон, Џорџ Бест, Рајан Гигс, Пол Сколс…Секогаш имаа врвни играчи. Дури и сега кога не им оди најдобро јас го сакам Манчестер Јунајтед. Поради тоа му се налутив на Душан. Цела ноќ разговаравме и на крајот Душан ми рече дека ќе го избрал Саутемптон“, рекол таткото на фудбалерот на Ајакс.

Малку повеќе за оваа ситуација открива пријателот на Тадиќ, Милко Новаковиќ.

„Дуашн веќе му имаше ветено на Куман, чии приект му се допадна. Дури потоа пристигна понуда од Јунајтед. Но, Душан веќе ја имаше донесено одлуката. Петар и Душан плачеа цела ноќ. Дискусијата заврши наредениот ден. Петар го почитуваше изборот на Душан. Една година подоцна тој постигна гол со кој Саутемптон победија кај Манчестер Јунајтед (1:0)“, рекол пријателот на српскиот репрезентативец.

Тадиќ одигра четири сезони за Саутемптон, а во 2018 година се пресели во Ајкас. Српскиот репрезентативец има неверојатен учинок за клубот од Амстердам на 85 натпревари забележал 48 гола и 41 асистенција.

Scroll to Top