Top Sport

Езил на позајмица во Фенербахче?

Месут Езил бил подготвен во јануарскиот преоден рок да го напушти Арсенал. 31 годишниот фудбалер вториот дел од сезоната ќе го мине како позајмен играч во Фенербахче.

Спортскиот директор на Фенербхче Дамиен Комоли до крајот на неделата, во Лондон, требада ги договори деталите околу трансферот на Езил. По завршувањето на сезоната Фенербахче ќе можат да го откупат договорот на поранешниот германски репрезентативец.

Доколку се случи трансферот Езил прв пат во кариерата ќе заигра во земјата од која ги влече корените. Тој е играч на Арсенал од 2013 година, а претходно играл за Шачле, Вердер и Реал Мадрид.

Scroll to Top