Top Sport

Тадиќ со поддршка за Овермарс: Секогаш сум тука за него

Капитенот на Ајакс, српскиот репрезентативец Душан Тадиќ вели дека секогаш ќе биде зад поранешниот фудбалски директор на холандскиот клуб, Марк Овермарс, иако тој беше приморан да си даде оставка по обвинувањата за сексуално вознемирување.

Легендата на Арсенал, 48-годишниот Овермарс речиси цела деценија работеше со Ајакс како фудбалски директор, пред во февруари да биде приморан да си даде оставка откако неколку колешки го обвинија дека им праќал непристојни пораки и фотографии.

Тадиќ вели дека не му се сменило мислењето за Овермарс.

„Тој секогаш ќе ми биде пријател и секогаш ќе бидам тука за него. Секогаш сонував да играм за Ајакс и поради него, тој сон ми се оствари и тој секогаш ќе биде специјален за мене. Дали сакам да им кажам нешто на жените? Ништо посебно. Не знам што се случило и не ми е грижа. Дали некој направил грешка или не… Не е мое да судам“, вели 33-годишниот Тадиќ.

Овермарс на жените во Ајакс им испраќал експлицитни фотографии

Scroll to Top