Top Sport

Бастијанини ја почна Мото ГП сезоната со сензационална победа во Катар

Во првата Мото ГП трка по повеќе од две децении без италијанскиот великан Валентино Роси, неговиот сонародник Енеа Бастијанини стигна до сензационална победа, негова прва во елитната класа, на отварањето на новата сезона во Катар.

Ова е сензационална победа на возачот на Гресини Дукати, и до неа стигна пред Јужноафриканецот Бред Биндер и Шпанецот Пол Еспархаро, кој водеше во поголемиот дел од трката.

Еспархаро имаше фантастичен старт на трката поминувајќи го Марк Маркез и освојувачот на пол-позицијата, Хорхе Мартин, за да остане во водство до 19. круг од трката. Маркез долго време беше зад него, пред да падне на четвртото место, и да дозволи Бастијанини да ги помине Биндер и Еспархаро за да остане сигурен до крајот на трката за прв триумф на Гресини по 14 години пауза.

Актуелниот шампион, возачот на Јамаха, Французинот Фабио Квартараро имаше трка за заборав и заврши на деветтото место.

Scroll to Top