Top Sport

Тадиќ: Судијата не уништи

Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ, го означил главниот судија Џанлука Роки за главен виновник што неговиот тим не успеа да го победи Челси во Лондон.

На „Стенфорд Бриџ“ Челси и Ајакас одиграа еден од најдраматичните натпревари во историјата на Лигата на шампионите. Ајакс водеа 1:4 по еден час игра, Челси постигнаа еден гол за намалување на резултатот, а потоа во 69 минута во еден ист напад Роки исклучи двајца играчи на Ајакс и досуди пенал за „сините“. На крајот натпреварот заврши 4:4.

„Мораме да бидеме лути поради ова. Не може било кој на ваков начин да ни го уништи натпреварувањето. Се држевме под контрола. Едноставно не разбирам како можеше во еден напад да ни додели два црвени картони“, рекол Тадиќ.

„Никогаш не сум доживеал нешто вакво во кариерата. Морам дополнително да ја погледнам снимката, но да се доделат два црвени картони во една акција. Мечот потоа доби поинаков тек, со дветмина не може да се игра фудбал. Бевме подобри вечерва, имавме се во свои раце. Требаше да победиме“, заклучил репрезентативецот на Србија.

По четити натпревари Ајакс, Челси и Валенсија имаат по седум бода. Овие три тима ќе се борат за двете места што водат во нокаут-рундата.

Scroll to Top