Top Sport

Пике: Лошо играме

„Со ваква игра не можеме да ја освоиме Лигата на шампиони“, рекол играчот на Барселона Џерард Пике, по нерешениот резултат со Славија Прага (0:0) на „Ноу Камп“.

Барселона од почетокот на сезоната има очигледни проблеми во играта. Минатиот викенд за седум минути го загубија мечот од Леванте, а синоќа пред своите навивачи не успеаја да ја победат Славија.

Поради резултатите и пред се поради играта владее загриженост на „Ноу Камп“, иако екипата води во групата во Лигата на шампионите и во Ла Лига.

„Со мирни глави што поскоро мораме да ја решиме оваа ситуација. Јасно е дека не играме онака како што сакаме, но се уште имаме добри позиции во ЛШ и во Ла Лига. Мораме да се подобриме, со ваква игра не можеме да ја освоиме Лигата на шампионите“, рекол Пике и дополнил.

„Сетете се само на 2015 година кога тренер беше Луис Енрике. На отворањето од сезоната бевме неубедливи, а на крајот ја освоивме тројната круна“.

Барселона во наредната рунда, во Лигата на шампионите, ќе ја пречека Борусија Дортмунд, а тој меч поради жолти картони ќе го пропушти Пике.

Scroll to Top