Капитенот на Ајакс и репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ, успеа да урне рекорд чии сопственик беше Лионел Меси.
Тадиќ, во сите конкуренции, во 2021 година, забележа 37 асистенции, една повеќе од Меси во 2011 година.
Српскиот репрезентативец ќе има можност да го подобри рекордот. Ајакс до крајот на годината ќе одигра уште два натпревари, на 19. и 22. декември против Феенорд, односно Фортуна Ситард.