Поранешниот фудбалер на Селтик и Манчестер јунајтед Лијам Милер (35) почина по кратката борба со ракот на панкрреасот.
Во ноември минатата година беше објавено дека Ирецот има рак на панкреасот поради тој замина на лекување во САД. Потоа се вратил во родниот Корк каде започнал со хемотерапија која се покажа како кобна.
Милер од 2000 до 2004 година играше за Селтик, освои една титула во првенството и потоа се пресели во Мначестер јунајтед. Под водство на Алекс Фергусон одигра 22 натпревари за „црвените ѓаволи“, потоа бил на позајмоца во Лидс, а во кариерата има настапи и за Сандерленд, КПР, Хибернијан и неколку австралиски клубови.