Англичаните го следат трендот што владее во Европа и наскоро и фудбалските натпревари во оваа земја ќе се играат пред празни трибини, тврди „Тајмс“.
Поради епидемијата на коронавирусот на Островото очекуваат челниците на Фудбалската асоцијација на Англија да донесат одлука веќе од овој викенд натпреварите да се играат зад затворени врати.
Претходно своите првенства на неодреден период ги одложија Италијаните и Швајцарците, а пред празни трибини решија да играат Шпанците.
Инаку, во Англија покрај забраната за играње пред празни трибини ќе биде донесена и забраната натпреварите да се прикажуваат во пабовите, рестораните и кафулињата со цел да се спречи собирање на поголем број на луѓе.
„Тајмс“ тврди дека конечната одлука ќе биде донесена утре.
До синоќа во Велика Британија биле регистрирани 460 заболени од коронавирусот.