„Тајмс“, еден од најугледните светски медиуми, откри дека договорот на Јошко Гвардиол со Лајпциг содржи посебна клаузула за обештетување која ќе биде активирана во летото 2024 година. Поточно, од 1 јули истата година, ќе се активира клаузула во договорот, според која Гвардиола ќе може да го напушти Лајпциг само доколку некој за него плати 110 милиони евра.
Оваа клаузула, како што пишува „Тајмс“, ги натерала богатите клубови да тргнат во офанзива за неговиот потпис. Логиката е јасна, сакаат да го донесат за помалку од 110 милиони евра. Тоа можат да го направат само во следните два трансфер периоди, летото оваа година и во јануари наредната година.
И покрај тоа што Челзи од летото донесе дури тројца дефанзивци – Калиду Кулибали, Весли Фофана и Беноа Бадијашил, тие не се откажуваат од Гвардиол. Тоа го истакнува „Тајмс“, а Гвардиол не крие дека би сакал да замине во тој клуб. Тоа го навести тоа пред две недели во интервју за тој весник.
„Двапати ми пропадна трансферот во Англија, прво од Динамо во Лидс, а потоа минатото лето од Лајпциг во Челзи, но трет пат ќе успеам. Да, сакам да играм во Премиер лигата“, откри фудбалерот за „Тајмс“ и со тоа ги растажи навивачите на Реал.
Имено, до неодамна се пишуваше дека изборот на Гвардиол бил Реал, кој наводно на Лајпциг му понудил сука од околу 120 милиони евра, која би била исплатена во неколку рати.