Top Sport

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со четири бомби

Светското првенство во фудбал не се одржуваше само на теренот. Додека националните тимови се бореа за трофејот, во позадина се одвиваше сериозна безбедносна операција предводена од американското ФБИ.

Ексклузивни документи добиени од истражувачкиот канал „Пренса Иберика“ откриваат дека за време на целото Светско првенство, безбедносните служби ги следеле терористичките закани, вознемирувањето на фудбалерите, насилните навивачи и сите инциденти што би можеле да го загрозат најголемиот фудбалски настан во светот.

Во срцето на операцијата бил Меѓународниот центар за полициска соработка (MCPC), каде што заедно работеле американски федерални агенти и полицајци од земјите учеснички на турнирот.

Меси бил главна цел на закани

Според полициските извештаи, најголемиот број сериозни закани биле упатени кон Лионел Меси.

Еден од најалармантните инциденти се случил пред натпреварот помеѓу Аргентина и Јордан во Далас, кога еден човек се јавил да пријави дека тој и уште две лица доаѓаат на стадионот вооружени со бомби и полуавтоматски пушки.

Во извештајот се наведува дека тие планирале напад врз полицијата и играчите на двете репрезентации, но Лионел Меси бил издвоен како главна цел.

Нов аларм следеше неколку дена подоцна пред натпреварот помеѓу Аргентина и Египет во Атланта. Корисникот на социјалната мрежа „X“, објави дека планира да влезе на стадионот со четири бомби врзани за телото и да го нападне капитенот на Аргентина.

За време на истиот натпревар, полицијата доби уште една дојава – еден човек тврдел дека поставил три експлозивни направи во кантите за ѓубре на стадионот. Затоа, објектот беше темелно проверен од експерти за експлозиви со помош на кучиња водичи од К-9.

Роналдо беше најпрогонуваниот фудбалер

Додека Меси беше најчеста цел на закани, Кристијано Роналдо се соочи со најмногу случаи на вознемирување.

Веќе кон средината на јуни, претставници на ФИФА пријавија човек кој се обидувал да открие каде се наоѓа португалскиот репрезентативец.

Полицијата во Хјустон го идентификуваше и го уапси само два дена подоцна во хотелот каде што престојуваше португалската репрезентација.

Сличен инцидент се случи во Торонто, каде што друг човек се обиде да влезе во лифтот со Роналдо. Обезбедувањето го запре, а тој подоцна изјави дека сака само фотографија со познатиот фудбалер.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');