Top Sport

Тајсон: Честитки, ми го уништивте сонот

Еден од најдобрите играчи на Шахтјор, натурализираниот Украинец Тајсон, јавно го искажа разочарувањето и незадоволството што не го реализираше трансферот во Милан.

Последниот ден од преодниот рок извесен беше неговиот трансфер во Милан. Тоа го потврдува и потегот на Шахтјор со ангажманот на Евхен Конопјанка кој игра на истата позиција како Тајсон.

Меѓутоа сопственикот на Шахтјор, Ринат Ахметов, не сакал да ја спушти цената од 30 милиони евра. Поради цената од услугите на Тајсон претходно се откажаа од Рома, каде од сезонава прв тренер е Паоло Фонсека која до пред неколку месеци беше во Шахтјор.

„Честитам ми го уништивте сонот. Уште еден скршен сон“, напишал на „Инстаграм“ разочараниот фудбалер.

Scroll to Top