Top Sport

Така се прави! У-15 фудбалерите на Рома по титулата ги тешеа ривалите од Милан (видео)

Фудбалерите на У-15 селекцијата на Рома го освоија италијанскиот шампионат, откако со 2:0 ги совладаа Милан, и пофалбите се заслужени, но најмногу за спортскиот однос – тие по победата ги тешеа младите ривали од „росонерите“.

Наместо лудо да ја слават титулата во Равена, момчињата на Рома очигледно беа добро спортски воспитани и решија да си пружат рака со ривалите од Милан. Секоја чест и пример за сите млади фудбалери и спортисти.

Scroll to Top