Кам-бекот на Црвена звезда во Лигата на шампиони предизвика огромен интерес во Белград, и нормално не сите фанови успеаја да најдат билет за отварањето на сезоната против тимот на Наполи.
Сепак, еден навивач на Црвена звезда, кој во емотивен пост напиша дека неговата љубов кон клубот ќе ја покаже на „малите“ натпревари откако не успеа да дојде до билет, на крајот ќе биде на „Рајко Митиќ“ вечерва. Заслужен за тоа е легендата на Звезда, Дејан Станковиќ, кој му обезбеди блок-билети за трите домашни натпревари.
Иако момчето не го откри името, Станковиќ вели дека лесно го нашол.
„Го прочитав тоа писмо и почувствував колку го сака клубот. Го покажав на моите деца да видат како се сака еден клуб и морав да му помогнам“, вели Станковиќ за „Б92“.
Во писмото анонимниот навивач вели:
„Слушам, нема карти за мене. Распродадено. Не сум лут, чувствувам гордост, сега знам дека не беше за џабе да се кисне на натпреварите сите тие години, да се смрзнуваш, да губиш титули. Се гушевме во неуспесите, срамежливо ги покажувавме победите. Сега, ќе ги гледаме великаните и тоа е најголемата победа. Јас ќе одам на Радник од Сурдулица, да покажам дека љубовта ја прават ситни работи. Па повторно да се заљубувам, кога е мрак на околу. Тие што ги продаваат билетите за повисока цена, мораат да сфатат дека од Звезда не се живее, туку се живее за Звезда“, вели во дело „писмото“ навивачот.