Top Sport

Талент на Рома во големи проблеми по пораката до Мурињо: Вечерва ќе шмркаме!

Талентот на Рома, Никола Залевски се најде во незгодна ситуација откако едно видео на кое неговиот пријател порачува: „Ќе шмркаме, разбираш Мурињо“, стана вирално на Интернет.

Видеото беше постирано од пријателот на полскиот фудбалер, раперот Зеп Дембо, кој е популаре во Рим.

„Ќе ви ја кажам вистината, вечерва овој пријател ќе шмрка. Мурињо, денеска шмркаме, го правиме тоа“, вели раперот во видеото од неколку секунди.

Иако Залевски е Полјак, тој е роден и израснат во Италија, така што сигурно добро разбира што зборува неговиот пријател.

Scroll to Top