Top Sport

Талентираниот Французин пред трансфер на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед се едни од најактивните на трансфер-пазарот, во овој преоден рок. Откако успеаја да го донесат Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, тие се насочија кон трансферот на Едуард Камавинга од Рен.

Преговорите помеѓу Јунајтед и актуелниот клуб на Камавинга, Рен, се движеле во добра насока, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Еден од најталентираните играчи од редот за врска во Европа има договор со Рен до јуни 2022 година. Тој одбил да потпише нов договор, поради што Рен се подготвени да го продадат. Според Романо, Рен би прифатиле 30 милиони евра како обесштетување за Камавинга.

Scroll to Top