Талентираниот фудбалер на Олимпик Лион Хусам Ауар веројотно во летниот преоден рок ќе се пресели во Јувентус. Првиот човек на Лион Жан-Мишел Ола повтрдил дека контактите околу реализицијата на трансферот биле воспоставени.
Ауар кариерата ја започнал на 11 годишна возраст во Лион. Во моментов е еден од најбараните играчи на својата позиција во Европа.
„Лично не сум разговарал со претседателот на Јувентус Ањели, но знам дека имало разговор помеѓу нашите директори. Би сакал во иднина да го видам Ауар во Јувентус. Се надевам дека тоа е и негова амбиција. Порано или подоцна ќе мора да седнам и да разговарам на таа тема со пријателот Ањели“, рекол Ола.
Јувентус и Лион наредната недела ќе го одиграт првиот од двата осмина-финални натпревари во Лигата на шампионите. Веројатно тогаш и ќе ги започнат преговорите за трансферот на Ауар, а според претседателот на Лион тој се интересира за двајца играчи на „старата дама“.
„Адриен Рабио досега во Јувентус има покажано само 60 отсто од својот потенцијал. Сакав да го донесам на позајмица во јануари, но тој сега игра реодовно и добар е, верувајте поседува огромен потенцијал. Се обидев минатото лето да го донесам Матуиди, не успеав, но не сум се откажал. Матуиди би бил совршен за нашиот тим“, рекол Ола.