Top Sport

Талентот Атанасов кариерата ја продолжува во Бурсаспор

Талентот на Академија Пандев, Јани Атанасов потпиша четиригодишен договор со турскиот суперлигаш Бурсаспор, каде што ќе игра во една од најсилните европски лиги.

Од струмичкиот прволигаш потврдија дека Атанасов заминува во Турција, посочувајќи дека 18-годишниот играч од средниот ред е дело на нивната фудбалска школа. Академија Пандев, клубот формиран од нашата фудбалска легенда Горан Пандев, оваа година за првпат играше во Првата лига.

Scroll to Top