Top Sport

Талентот на Барса, Гави е најмладиот шпански репрезентативец во историјата

Талентот на Барселона, Гави ќе стане најмладиот шпански репрезентативец во историјата на вечерашниот меч од полуфиналето од Лигата на нации на УЕФА против Италија, откако селекторот Луис Енрике го постави во стартниот состав на 17 години и 62 дена.

Гави, кој е роден во август 2004, дебитираше за Барселона на 29 август, три недели по својот 17. роденден, а сега ќе заигра на 17 години и 62 дена во својот четврти старт на сениорско ниво.

Тој ќе го сруши рекордот на Анхел Зубиета (17 години и 284 дена), а соиграчот на Гави, Ансу Фати (17 години и 308 дена) е на второто место. Зубиета, поранеше напаѓач, бил роден во 1918 година, а дебитирал за Шпанија во 1936 по што имал само два настапи, по што се решил да игра само за репрезентацијата на Баскија.

„Го знам Гави многу години, бидејќи тој е еден од продуктите на младинската академија на Барселона и не се сомневам во неговите перформанси. Тој е вистински фудбалер од средниот ред во стилот на Барса. Знае да игра со топката и без неа“, вели Енрике.

Scroll to Top