Top Sport

Талентот на Јунајтед, Енџел Гомес потпиша за Лил

Англискиот тинејџер Енџел Гомес го комплетираше трансферот од Манчестер јунајтед, потпишувајќи петгодишен договор со Лил, потврдија од францускиот прволигаш.

Гомес ја почна кариерата кај „ѓаволите“ на само пет години и дебитираше на 16 години во првиот тим во мај 2017, со што беше најмладиот играч во првиот тим по Данкан Едвардс во 1953 година.

Договорот на 19-годишниот Гомес заврши на 1 јули, и тој одби обновување на договорот откако не успеа да се пробие во првиот тим на Оле Гунар Солскјер. Лил потврдија дека фудбалерот од средниот ред веднаш е позајмен на португалскиот клуб Боависта за сезоната 2020/21.

Scroll to Top