Top Sport

Педро се збогуваше со навивачите на Челси

Педро Родригез се збогуваше со навивачите на Челси и сега го очекува потпишувањето на договорот со Рома, откако по пет години на „Стемфорд бриџ“ стана слободен играч на крајот на сезоната.

„По пет прекрасни години со Челси, време е за ново поглавје во кариерата. Благодарност до клубот, тренерите, соиграчите и секако до фановите, ви благодарам што бев дел од семејството. Се чувствував како дома во Лондон и беше чест да се игра за клуб како Челси и заедно да ја прославиме титулата од Премиер лигата, ФА купот и Лига Европа. Пред мене се нови предизвици, но му поскаувам само среќа на Челси“, изјави 33-годишниот Педро.

Scroll to Top