Top Sport

Таљафико: Во Ајакс знаеја дека мојот сон е Барселона

Бекот на Ајакс, Аргентинецот Николас Таљафико јавно кажа дека е крајно разочаран што неговиот клуб му ја блокираше шансата за трансфер од соништата во Барселона, каде што ќе требаше да ја засили одбраната покрај Жорди Алба и Алехандро Балде.

„Во клубот ме сфаќаат, но имаат сопствени мотиви и тоа е штета. Сметам дека секогаш треба да ги искористиш своите шанси, а кога имаш шанса да отидеш во клуб како Барса, тоа е шанса од соништата. Но, на крајот не ми помогнаа. Не беа јасни од почеток, и требаше веднаш да ми кажат дека нема да ми помогнат. Разочаран сум бидејќи поради мојата професионалност, сега бев оштетен“, изјави Таљафико.

Scroll to Top