Top Sport

Клоп потврди дека Ливерпул уште го сакаат Фабио Карваљо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека клубот останува заинтересиран за фудбалерот од средниот ред на Фулам, Фабио Карваљо, откако во јануари преговорите за трансфер пропаднаа во последен момент.

„Црвените“ даваа 8 милиони фунти за 19-годишникот, и Клоп потврди дека едноставно „снемало време“ за да се склучи договорот.

„Ќе видиме што ќе се случи. Секако, уште сме очигледно аинтересирани. Би биле луди да не сме. Беше доцна да се реализира трансферот и на крајот не успеавме. Некогаш работите не се во наша моќ“, изјави Клоп пред мечот од ФА купот против Кардиф сити.

Ливерпул во зимскиот преоден рок го донесоа Колумбиецот Луис Дијаз од Порто за 45 милиони евра.

Scroll to Top