Top Sport

Талкспорт: Манчестер јунајтед заинтересиран за Александар Митровиќ

Неверојатни информации ни доаѓаат од Англија, ги пласира „Талкспорт“, британска радио станица специјализиранат за спорт.

Според овој извор, Манчестер јунајтед е заинтересиран за спрскиот репрезентативец, Александар Митровиќ (30). Наводно, Митровиќ е вишок во плановите на Ал Хилал. Клубот планира нови играчи за настап на Светското клупско првенство. Прв на листата им е Виктор Осимен.

„Талкспорт“, тврди дека Ал Хилал е заинтересиран да го продаде или позајми најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација.

Во Англија веќе се јавија неколку заинтересирани страни. Вест Хем и Евертон имаат шанса да го доведат Митровиќ, но најмногу внимание привлече информацијата дека и Манчестер јунајтед го следи Митровиќ, откако извиси во трката за Лиам Делап.

„Црвените ѓаволи“ го сакаат Виктор Ѓокерес, но неговиот трансфер во овој момент не е е реален.

Цената на Митровиќ би била околу 40 милиони фунти, а во исто време напаѓачот би се согласил да ги намали финасиските барања.

Откако го напушти Лондон, Митровиќ постигна 68 гола на 79 натпревари за Ал Хилал.

Scroll to Top