Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, сака да го ангажира крилниот напаѓач на Челси, Хаким Зијеш. Холандскиот стратег многу добро го познава Мароканецот, кој беше дел од Ајакс предводен од него во периодот меѓу 2017 и 2020 година.
По потпишувањето на Рахим Стерлинг, Челси е подготвен да го продаде Зијеш само две години откако за него плати 37 милиони фунти.
Сепак, челниците на Манчестер Јунајтед се изјасниле против трансферот и го блокирале договорот, иако Мароканецот би бил многу поевтина опција од крилниот напаѓач на Ајакс, Ентони, со кои Јунајтед преговара веќе подолг период. Всушност, токму Бразилецот го замени Зијеш во холандскиот клуб пред две години.
Крилниот напаѓач на Челси би можел да ја продолжи кариерата во италијанскиот шампион Милан.