Поранешниот фудбалер на Јувентус, Марко Тардели вели дека Масимилијано Алегри ја загубил довербата кај фудбалерите на Јувентус, но не очекува тој да биде отпуштен и покрај слабиот старт на сезоната. По поразот во дербито од Милан, „старата дама“ им четири порази во првите 12 меча одд новата сезона и Тардели вели дека нервите се тенки во Торино.
„Најмногу ми пречи тоа што има тишина во клубот, нешто што е вознемирувачки. Не верувам дека се смирени. Мислам дека клубот веќе нема доверба во Алегри. Но, мислам дека е доволно заштитен и дека нема да добие отказ. Сите знаеја дека ќе биде тешко кога се врати Алегри. За жал, минатата и ова година не одат добро. Мислам дека има проблем со менталитетот, што можеби е негова вина, бидејќи не ја следат неговата игра. Ќе биде интересно“, вели Тардели.