Поранешниот фудбалер на Интер, Марко Тардели, истакнал дека лидерот во Серија А може да го елиминира Ливерпул, во осмина-финалето, во Лигата на шампионите.
„Не се согласувам со мислењата дека со овој Ливерпул не може да се игра. Интер само треба да има поинаков интензитет и добра комуникација со судиите“, рекол Тардели и дополнил.
„За прекршоците што ги правеа играчите на Ливерпул против Тотенхем, во Италија се добива казна од десет натпревари. Покрај тоа мислам дека Ливерпул се премногу арогантни и дека имаат протекции кај судиите.“
Марко Тардели е член на шампионската генерацијата на Италија, која го освои Мундијалот во 1982 година. Во финалето против Германија (3:1), Тардели постигна еден гол.