Претседателот на Порто потврди дека напаѓачот Мехди Тареми на лето ќе стане слободен играч. Пинто да Коста зборуваше за иднината на ирански голгетер.
„Доби понуди од други клубови со плата од 10 милиони евра годишно. Тоа не можеме да му го понудиме. Минатото лето Милан ни дојде со смешна понуда, за која не вредеше ниту да се зборува“, изјави првиот човек на Порто.
Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за Иранецот.
Договорот на 31-годишниот фудбалер истекува во јуни 2024. Тареми ја игра четвртата сезона за Порто, досега на 163 натпревари постигна 83 гола. Сезонава одигра 16 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна три гола и забележа три асистенции.