Top Sport

Татко и син, фудбалски тренери во ист ден добија откази

Фудбалските тренери, таткото и синот Јанис и Јоргос Петракис, во ист ден добија откази.

Јоргос Петракис беше тренер на грчкиот АЕЛ, а неговиот татко Јанис, го водеше Панетоликос.

Самиот факт дека во една лига татко и син работат како тренери на различни клубови е навистина импресивен, но бизарно е што двајцата беа отпуштени на ист ден.

Јанис Петракис го водеше Панетоликос од 2023 година, а доби отказ по катастрофалниот пораз од Левадијакос со 6:0. Неговиот син Јоргос беше на клупата на АЕЛ Лариса, клуб кој оваа сезона избори промоција во грчката Супер лига.

Неделата беше фатална и за него, бидејќи беше отпуштен по поразот од 5:2 против Волос.

Двата клуба моментално се наоѓаат на самото дно на табелата, на 12-та и 13-та позиција со само четири освоени бода, со два бода последен е Астерс.

Scroll to Top