Top Sport

Татко му починал само неколку минути по неговиот првенец за Сити во ЛШ!

Манчестер Сити и Лајпциг синоќа во првото коло од ЛШ приредија голгетерско шоу на „Итихад, нивниот меч заврши со резултат 6-3. Еден од стрелците во таборот на „граѓаните“ беше и Нејтан Аке кој денеска на својот Инстаграм профил сподели тажна вест.

Неговиот татко починал само неколку минути по постигнувањето на неговиот првенец во светло-синиот дрес во ЛШ, на мечот со бундеслигашот. Аке тажната вест ја дознал по завршувањето на мечот.

„Последните неколку недели беа најтешките во мојот живот. Мојот татко беше тешко болен и немаше лек за неговата состојба. Благодарен сум што имав толкава поддршка од девојка ми, семејството и пријателите. Вчера, по тешкиот период, го постигнав својот прв погодок во ЛШ, а само неколку минути потоа мојот татко починал. Мајка ми и брат ми биле покрај него. Можеби така било судено. Додека ме гледаше како играм секогаш беше среќен и горд. Знам дека засекогаш си покрај мене, секогаш ќе бидеш во моето срце и овој гол беше за тебе, тато“ напиша Нејтан Аке на Инстаграм.

Scroll to Top