Top Sport

Татко нуди 3.000 фунти да го хипнотизира синот да навива за Арсенал наместо за Тотенхем

Фудбалското ривалство помеѓу ривалите од северен Лондон, Тотенхем и Арсенал е едно од најголемите во англискиот фудбал, а посебно е проблематично кога во едно семејство има страствени фанови на различни тимови.

Еден навивач на „топчиите“ е целосно разочаран што неговиот шестгодишен син почнал да навива за Тотенхем прекинувајќи ја семејната традиција, што нуди 3.000 фунти за хипнотизер да го натера да навива за Арсенал.

„Имам мал чуден проблем. Откако Хери Кејн ја освои златната топка како најдобар стрелец на Светското првенство, мојот син почна да навива за Тотенхем. Пред неколку години видов видео од хипнотизер кој ги тера навивачите на Арсенал и Спарс во еден паб да навиваат за спротивниот тим и сакам да се обидам да го направам тоа со мојот син. Неодамна добив бонус од работа и подготвен сум да дадам 3.000 фунти. Не сум кажал на сопругата, бидејќи мислам дека е полесно да се извинам отколку да добијам дозвола. Знам дека е луда работа,но сакам да уживам со мојот син секој викенд гледајќи фудбал, а ако тој испадне навивач на Спарс, тогаш не вреди“, напиша навивачот на веб-сајтот за потрага на работа „Барк“.

Scroll to Top