Top Sport

Таткото фудбалска легенда и претседател на Либерија, синот стрелец за САД

Тимоти Веа, напаѓачот на Лил и на американската репрезентација, но и син на легендарниот Џорџ Веа, го постигна својот прв гол на Светското првенство, носејќи им 1:0 водство на Американците во првото коло на Мундијалот.

Џорџ Веа, кој е освојувач на „Златната топка“ од времето кога беше фудбалер на Милан, но ниту еднаш не заигра на Мундијалот, во моментов е претседател на Либерија, додека неговиот син се реши да настапува за САД.

Scroll to Top