Борусија Дортмунд одлучи да ги заостри протоколите во соблекувалната и им забрани на сите членови на семејствата на фудбалерите влез во таа зона. Клубот се реши на ваков чекор, по инцидентот што го направија родителите на Џоб Белингам во саботата.
Дортмунд имаше предност во дуелот со Сент Паули од 3:1 во 85-та минута од натпреварот, но не успеа да победи. Дуелот заврши со резултат 3:3.
Тензијата по натпреварот, само ја зголемија родителите на Џобе Белингам, Марк и Дениз, кои биле незадоволни откако го видоа својот син како останува во соблекувалната на полувремето.
Тие го чекале во тунелот по завршувањето на натпреварот раководството на Дортмунд за да се соочат со нив. Според новинарите на „Скај Спортс Германија“, Марк Белингам прво имал емотивен разговор со спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел.
Тој ја изрази својата фрустрација од од одлуката на тренерот неговиот син да остане во сблекувалната по првите 45 минути. Но, според овој извор, си зел за право да ги критикува играчите на тимот за кој игра неговиот син.
„Билд“, објави дека Марк Белингам побарал итен состанок со тренерот Нико Ковач.
Џоб Белингам е помалдиот брат на играчот на Реал, Џуд. Тој пристигна во Дортмунд од Сандерленд ова лето за 32 милиони фунти.
Фото/ Принтскрин