Валенти Гвардиола вели дека верува дека еден ден неговиот син ќе се врати на чело на Барселона, бидејќи тој клуб му е блиску до срцето.
Пеп ја почна својата тренерска кариера на „Ноу Камп“ во 2008 година, освојувајќи 14 титули со клубот во четири години, вклучувајќи три титули од Ла лига и две од Лигата на шампионите. Таму тој ја направи својата уникатна „тики-така“ фудбалска филозофија, користејќи го талентот на Лионел Меси, Чави и Иниеста во еден од најславните периоди во каталонскиот клуб.
48-годишниот Гвардиола замина во 2012 година и по година пауза се врати во Баерн Минхен, каде што помина три години, пред во 2016 година да дојде во Манчестер сити, со кои освои две титули од Премиер лигата. Тој има договор со Сити до 2021 година и постојано одбива да го продолжи договорот.
„Дали ќе се врати во Каталонија? Можеби, но ако се врати ќе биде за да стане тренер на Барселона. Но, откако си замина од дома, тој сам ги прави одлуките и јас никогаш не сум го советувал“, вели Валенти Гвардиола.