Top Sport

Кедира во аут најмалку три месеци

Јувентус ќе биде без германскиот ветеран Сами Кедира најмалку три месеци откако фудбалерот од средниот ред мораше да оди на операција на коленото.

Кедира се мачеше со повредата во последните неколку натпревари и го пропушти 2:2 ремито со Сасуоло минатиот викенд, по што замина на операција во Германија, а Јувентус потврди дека таа поминала „совршено“.

Сепак, за 32-годишниот Кедира, процесот на рехибилитација ќе трае околу три месеци, што е голем удар за тренерот Маурицио Сари, кој му даваше огромно време на теренот оваа сезона, стартувајќи 13 од 18 меча.

Неговото место во тимот најверојатно ќе го преземе Емре Џан, кој најверојатно ќе биде додаден и во тимот на Јуве за Лигата на шампионите оваа зима.

Scroll to Top