Ѕвездата на Аталанта, Јосип Иличиќ вели дека не жали што избрал да настапува за фудбалската репрезентација на Словенија, со која вечерва ќе се судри со Хрватска, земјата за која можел да настапува, но и открива дека српскиот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ му е вистинска инспирација.
Иличиќ е роден во Приједор, Босна и Херцеговина, и имал крајно трауматично детство – неговото семејство е со хрватско потекло и неговиот татко бил убиен од соседот, предизвикувајќи тој и неговата мајка и браќа да избегаат во Словенија кога тој имал само една година.
„Пораснав во Словенија, оваа земја ми даде се, така што е логично да играм за нив. Се чувствувам како Хрват, Босанец и Словенец. Роден сум во Босна, моето семејство живее во Хрватска и не беше лесно да се избере“, признава Иличиќ.
Траумата од детството придонела минатата година тој да има проблеми со депресијата, по што паузираше од фудбалот неколку месеци пред да се врати во Аталанта. Тој вели дека битката на Синиша Михајловиќ со леукемијата и неговата храброст го натерала да се фокусира на тоа што е најважно.
„Поминав низ многу работи, сериозно размислував да се откажам, но благодарам на Бога што сум каде што сум. Сите овие години на врвот се најдобра компензација за напорот којг отрудив. Сега, гледам поинаку на работите. Видете што му се случи на Синиша Михајловиќ! Се обидувам да уживам во секоја секунда од животот со моето семејство“, вели Иличиќ.