Top Sport

Јилмаз ги „уништи“ Холанѓаните во Истанбул!

Турската фудбалска репрезентација имаше совршен старт на квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година, откако на „Ататурк“ стадионот во Истанбул со фантастични 4:2 ја победија Холандија, вториот главен фаворит во групата Г.

Напаѓачот на француски Лил, ветеранот Бурак Јилмаз во 15. минута ги шокираше „оранје“, за во 34. минута од белата точка да зголеми на 2:0. Хакан Чалханоглу само што почна второто полувреме зголеми на 3:0, но тимот на Френк де Бур не се откажа без борба.

Дејви Класен во 75. минута намали на 3:1, за веќе во следната минута Лук де Јонг да постигне гол за 3:2 и најава на интересна завршница, меѓутоа 35-годишниот Јилмаз во 81. минута го комплетираше хет-трикот со фантастичен гол од слободен удар за обезбедување на победата. Во 94. минута од мечот, судијата Мајкл Оливер досуди пенал, а обидот на Мемфис Депај заврши во рацете на турскиот голман Чакир Угурџан.

СП 2022, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Г

Турција – Холандија 4:2

Летонија – Црна Гора 21.00 ч.

Гибралтар – Норвешка 21.00 ч.

Scroll to Top