Top Sport

Таткото на Иниеста признава: Сега е добро време да замине од Барселона

Андрес Иниеста треба да ја направи тешката одлука да замине од Барселона, но сега е вистински момент, вели неговиот татко Хозе Антонио откако великанот на Блауграна постигна еден гол при 5:0 победата во финалето на Копа дел Реј против Севилја.

Шпекулациите подолго време велат дека Иниеста е пред трансфер во кинеската Суперлига, а таткото на 33-годишниот ветеран вели дека ќе направи одлука „следната недела“.

„Ќе мора да направи тешка одлука. Ако реши да замине морате да го почитувате тоа. Мислам дека е добро време за таков чекор и ќе направи одлуката следната недела. Беше прекрасно да се види како го постигнува својот прв гол во едно финале од Копа дел Реј. Сега сум посмирен. Мојот син заврши добра работа и играше во свој стил“, вели Хозе Антонио Иниеста во интервју за радиото „Кадена СЕР“.

Во меѓувреме, официјалниот Инстаграм акаунт на Ла лига како да потврди дека Иниеста заминува објавувајќи фотографија со Иниеста со пораки на благодарност и со текст: „Финалето на Иниеста“.

Фото: ЕПА

Барса ја понижи Севилја и го крена Кралскиот куп (видео)

Scroll to Top