Top Sport

Таткото на Куртоа се пожали: Медиумите во Мадрид се навртеа против мојот син

Тјери Куртоа, таткото на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа вели дека медиумите во Мадрид му се навртеле на неговиот син по испаѓањето на „кралскиот клуб“ од Ајакс во Лигата на шампионите.

Куртоа смета дека фламанскиот печат во Белгија и шпанскиот печат во Мадрид „тргнале“ по неговиот син откако тој прими четири гола од Ајакс во уште една просечна партија за него, и неговиот татко веќе не сака да молчи.

„Мислам дека сите го обвинуваат само Тибо. Шпанскиот печат, но и фламанскиот печат. Како татко, не можам да го игнорирам тоа. Да, голманот секогаш е прв на удар на критиките, тоа е дел од работата и поради добро или лошо те судат. Но, по мечот со Ајакс, тој беше мета поради четвртиот гол, откако имаше добар натпревар. Една грешка се направи огромна. Има и лични работи во печатот и јасно е дека дел од новинарите имаат нешто против него. Јас се мачам кога ќе прочитам такво нешто, но за среќа Тибо е над ситуацијата“, вели Тјери Куртоа.

Реал плати 35 милиони фунти за Куртоа на Челси во текот на летото, но сега неговото место е неизвесно по враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал, откако Французинот е познат како љубител на Кејлор Навас.

Scroll to Top