Top Sport

Таткото на Меси ги разочара фановите на Барселона: Нема можност Лео да се врати на „Камп Ноу“

Таткото на Лионел Меси ги потврди информациите дека нема сериозни основи за враќање на неговиот син во Барселона. Договорот на напаѓачот со Пари Сен Жермен истекува на крајот од сезоната, а засега нема „дил“ за нова соработка.

„Мислам дека Лео нема повторно да игра за Барса“, изјави Хорхе Меси, кој е и негов агент. „Не сме разговарале со Жоан Лапорта и нема понуда. А Барса не може да ги исполни условите“.

Каталонците не можат да си дозволат да ја исплатат високата плата на својот поранешен капитен поради финансиските ограничувања што му се наметнати на клубот.

Scroll to Top