Катарскиот шеик Хамад Бин Џасим Бин Џабер Ал-Тани, кој е и поранешен премиер на Катар, вели дека воопшто не следи фудбал, но дека неговиот син, Шеик Џасим Бин Хамад Ал-Тани инсистира да го купи Манчестер јунајтед за 4.5 милијарди фунти.
Постариот шеик признава дека не е импресиониран од инвестиции во фудбалот и дека таа би била интересна само како „реклама“ за земјата.
„Јас не сум љубител на фудбалот. Не ми се допаѓа таа инвестиција, но може да фукционира добро. Но, некои од моите синови се такви, страсни кон некои свои проекти. Ова не е моја специјалност. Јас сум инвеститор. Дали ова ќе биде добра инвестиција е видиме, но засега е само како реклама“, вели постариот шеик за „Атлетик“.