Top Sport

Новак Ѓоковиќ е непобедлив во 2023!

Петкратниот шампион од Дубаи, Новак Ѓоковиќ не запира со своите победи, откако со 6:3/7:5 го победи Полјакот Хуберт Хуркач во четврт-финалето за негова 15-та победа едноподруго оваа годин (и 20-та вкупно) во неверојатниот старт на 2023 година.

По титулите во Аделаида и Мелбурн, 35-годишниот Србин се врати на еден од своите омилени турнири во Дубаи, каде што имаше многу проблеми во првото коло против Томаш Махчац, но потоа го збриша Талон Грикспор во второто коло. Против петтиот носител, Хуркач, Ѓоковиќ имаше 4-0 скор во кариерата, и Полјакот не успеа да ја „наруши традицијата“, откако го загуби експресно првиот сет. Вториот сет беше многу потесен, но Ѓоковиќ повторно го направи клучниот брејк поен за да стигне до победа по 1 час и 20 минути игра.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот на Русинот Данил Медведев и Хрватот Борна Чориќ. Во второто полуфинале ќе се сретнат уште еден Русин, Андреј Рубљов и Германецот Александер Зверев.

Scroll to Top