Top Sport

Таврес од Арсенал во Лацио

Лацио го комплетираше трансферот на левиот бек на Арсенал, Нуно Таварес.

Арсенал од овој трансфер ќе заработи девет милиони евра. Од друга страна, Португалецот потпиша петгодишен договор со Римјаните.

Таварес е продукт на школата на Бенфика, а во 2021 година се пресели во Арсенал. Во првата сезона одигра 22 натпревари и постигна гол. Сепак, подоцна го загуби местото и најпрво замина на позајмица во Олимпик од Марсеј, каде постигна шест гола на 31 натпревар. Минатата сезона беше член на Нотингем Форест за кој одигра само осум натпревари.

Scroll to Top