Top Sport

Тажна е судбината на Кејлор Навас

Кејлор Навас, официјално најдобриот голман во Лигата на шампионите во минатата сезона, најавува заминување од редовите на Реал Мадрид. Иако имаше значајна улога во освојувањето на трите титули во низа, во Лигата на шампионите, Костариканецот, по доаѓањето на Тибо Куртоа остана без своето место во тимот.

Навас пред почетокот на сезоната го продолжи договорот со Реал, а кај тренерот Хулен Лопетеги ја дележа минутажата со Куртоа. Навас бранеше во Лигата на шампионите, а Куртоа во првенството.

Меѓутоа откако Лоптеги замина, Навас, кај новиот тренер Сантијаго Солари, не доби шанса да брани ниту на еден натпревар.

„Го минав патот од освојување на три титули во Лигата на шампионите, до тоа да не добивам шанса да настапам“, рекол Костариканецот.

Поради ова тој најавил дека во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да си најде нов клуб.

Навас е играч на реал од 2014 година, кога во Мадрид пристигна од Леванте. Брилијантните настапи на Светското првенство во Бразил, каде со Костарика стигна до четврт-финалето, му го овозможија трансферот во Реал.

Scroll to Top