Милан вчера го одигра својот последен меч од сезоната 2019/20 со 3:0 победата над Каљари на празниот „Сан Сиро“, меч кој подоцна беше одбележан со тажното простување со клубот на Џакомо Бонавентура.
Милан реши да не му го продолжи договорот на Италијанецот, и тој по крајот на вчерашниот меч остана на теренот да се прости од својот омилен стадион, секако без навивачи на трибините.
Бонавентура играше шест години со „росонерите“, а шпекулациите велат дека следен негов тим е новиот прволигаш Беневенто.