Неуспешниот проект наречен европска Суперлига уште долго ќе биде актуелен во фудбалските кругови. Три клуба (Реал, Барселона, Јувентус), јавно се се откажаа од проектот, поради што Дисциплинската комисија на УЕФА поведе постапка против нив. Се шпекулира дека УЕФА може да ги суспендира и дека тие нема да играат во Лигата на шампионите наредната сезона. Клубовите кои се откажаа од Суперлигата, добија парични казни од УЕФА.
На темата Суперлига, во четвртокот, говореше првиот човек на шпанската лига, Хавиер Тебас. Тој тврди дека приказната не е завршена, бидејќи Суперлигата има поддршка од ФИФА и нејзиниот прв човек Џани Инфантино.
„Клубовите од Суперлигата покажаа незнаење и комплетен неуспех. Тие мислат дека ние сме глупави идиоти и дека веруваме во нивните соопштенија дека сакале да не модернизираат. Тие сакаат да не уништат. Сакаат да ги земат парите од домашните првенства и да го распределат на неколку клубови. Мислат дека тие ќе го спасат фудбалот и дека ние сме глупави, наивни марионети кои не знаат ништо. Не може се да се реши само со промената на форматот.
Четири принципи се нарушени во овој момент. Спортските заслуги, економската стабилност на европскиот фудбал, автономијата на домашните првенства и правото „еден клуб еден глас“. Ова не заврши со пропаста на Суперлигата, ФИФА ја поддржа Суперлигата, тоа може да се види од документите на Суперлигата. Опасноста не доаѓа само од Реал, Барселона и Јувентус, опасноста доаѓа и од претседателот на ФИФА.
„Доколку нивните идеи се толку добри, дека Суперлигата е спасот за сите, зошто тогаш проектот го држеа во тајност? Зошто тоа го објавија во недела навечер? Ве молам, немојте да мислите дека сме глупаци“, рекол Тебас.