Top Sport

Тен Хаг бесен – неизвесноста околу сопственоста му пречи во летниот преоден рок

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг е крајно незадоволен од одложувањето на одлуката за иднината на сопственоста на клубот, бидејќи смета дека така Арсенал ја добиле „трката“ по потписот на Деклан Рајс од Вест хем, тврди „Сан“.

Холандскиот менаџер планирал „ѓаволите“ да бидат активни на почетокот на преодниот рок за да се избегне наддавањето и неизвесноста, но според англиските медиуми веќе ја загубија борбата за Рајс, за кои Арсенал првично понудија 90 милиони фунти, кои „чеканите“ ги одбија.

Неодамна, катарскиот шеик Џасим формираше холдинг-компанија во Велика Британија, зголемувајќи ги шпекулациите дека се договорил за преземање на клубот од американското семејство Глејзер, така победувајќи го англискиот милијардер Сер Џим Ретклиф, но подоцна, „Тајмс“ објави дека Глејзери планираат да почекаат со конечната одлука и дека нема да се случи преземање пред стартот на новата сезона во август.

Scroll to Top