Top Sport

Барса преку ПСЖ до третото место во Лигата на шампионите

По разочарувачките порази во полуфиналињата, Барселона беше поуспешна од Пари Сен-Жермен, победувајќи со 37:31 (22:13) во мечот за третото место во Келн.

Барса вчера на пенали загуби од Магдебург, додека ПСЖ на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез, повторно имаше неуспех на Ф4, губејќи од Кјелце. Финалето на програмата е од 18 часот.

Десеткратните европски шампиони по израмнетиот старт на мечот, ја презедоа контролата во финишот на полувремето, одејќи на одмор со 9 гола разлика. Оваа разлика достигна и 10 гола, пред каталонскиот клуб да го намали притисокот и рутински да стигне до утешителна победа.

Блаж Јанц со седум гола беше најефикасен за Барселона, додека по пет уфрлија Ване, Н’Гесан и Мелвин Ричардсон, додека за ПСЖ, Камил Сипжак и Саду Н’Танзи постигнаа по седум гола.

Scroll to Top