Top Sport

Тен Хаг добива нов договор во Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед играат променливо на почетокот на сезоната. По шест натпревари ја заземаат само деветтата позиција во Премиер – лигата.

Тие беа поразени и на стартот од Лигата на шампионите од Баерн со 4:3 во Минхен.

Покрај сето тоа, во план е продолжување на договорот со менаџерот Ерик Тен Хаг. Водечките луѓе се задоволни од неговата работа.

Минатото лето Холанѓанецот го презеде клубот и го освои Лига купот. Се прослави додека работеше во Ајакс каде освои шест трофеи.

Scroll to Top