Top Sport

Тен Хаг ги загубил нервите и порачал на челниците да се ослободат од Роналдо

Кристијано Роналдо се уште не успеал да ја реши својата ситуација и да го напушти Манчестер јунајтед. Роналдо пред две недели јасно им стави до знаење на челниците на Манчестер јунајтед дека сака да го напушти клубот и дека се надева дека ќе ја прифати понудата што доаѓа за него.

Португалецот не се појави на подготовките на англискиот клуб за новата сезона и се уште тренира сам, со надеж дека статусот во клубот ќе биде решен што е можно поскоро, бидејќи Роналдо очигледно нема намера да се врати на „Олд Трафорд“.
Сепак, проблем е фактот што ниту еден клуб не покажа доволно интерес за него. Го поврзуваа со Челзи и Баерн, но на крајот ништо не излезе од тоа.

Сепак, во последните денови се повеќе се пишува за тоа дека Роналдо би можел да се врати во Шпанија и да премине во Атлетико Мадрид.

Мадриѓаните се многу заинтересирани да го доведат Роналдо бидејќи се свесни за какво засилување би добиле, но нема да им биде лесно да го реализираат трансферот.

Атлетико Мадрид дури сака да го продаде Антоан Гризман за да направи простор за Роналдо, но се чини дека би можеле да најдат одлично решение. Јунајтед е подготвен дури и да го испрати Роналдо на позајмица, па затоа на Атлетико не би му требале толку пари за да мора да продаде некого.

Ерик тен Хаг не сака Роналдо да се приклучи на тимот поради неговото однесување и смета дека тоа само би создало проблем. Затоа им порача на клупските челници да се обидат на сите начини да се ослободат од Роналдо.

Наводно, Јунајтед им порачал на челниците на Атлетико дека ќе го пуштат Роналдо на позајмица, што целосно ја менува приказната. Поради тоа, големи се шансите статусот на Роналдо да биде решен во наредните денови и речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во дресот на Атлетико Мадрид.

Scroll to Top